Мега ѕвездата Калиопи, Викторија Лоба, Боби Мојсоски, „Компас бенд“ и „Билјана Јуниор“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата 2016 Година во Охрид.
Од локалната самоуправа ветуваат незаборавна забава за најлудата ноќ во годината и ги покануваат охриѓани и гостите да присуствуваат на градскиот плоштад.
Со радост и задоволство ќе пеам во Охрид за
Новогодишната ноќ. Во придружба на мојот бенд, со целовечерен концерт и
своите најголеми хитови ќе ги забавуваме охриѓани и гостите на градот. Оваа
е градот во кој сум родена и токму затоа на мојот роденден ја соопштуваме
оваа вест. Охрид, се гледаме наскоро! – изјави Калиопи.
Новогодишната програма во Охрид ќе започне точно напладне на 31 овој месец со познат охридски дј кој на сцената ќе биде до 20 часот.
Од 20.30 до 21.10 часот охриѓани ќе уживаат низ староградските песни на охридскиот ансамбл – „Билјана Јуниор“.
Познатата македонска група „ Компас бенд“ ќе настапи од 21.10 до 21.50 а од 21.50 до 22.30 ќе настапи младата охридска музичка ѕвезда Боби Мојсоски.
Од 22.30 до 23.15 часот за забавата ќе биде задолжена музичката ѕвезда Викторија Лоба.
Кулминацијата на новогодишната атмосфера ќе биде достигната со настапот на македонската дива Калиопи. Старите и нови хитови како и многу други песни , Калиопи и публиката ќе ги пеат во период од 23:15 до 01. 00 часот по полноќ.
Новогодишната ноќ ќе биде „зачинета“ со спектакуларен огномет.
Извор: www.ohrid.gov.mk |