Локалниот клуб на жени „Деница“ кои се дел од Лајонс клубовите од Охрид денеска, во продолжение на Холандскиот парк засадија 43 бели рози.
Оваа година Lions District 132 започна иницијатива која ние во Охрид први ја почнуваме, а тоа е да работиме за чистотата на околината. Со овој проект засадуваме бели рози, зашто токму белите рози го собираат оловото од природата, па еве еден мал наш допринос за почиста околина, а со тоа ќе ја подигнеме свеста на населението дека со негување на зеленилото, со негување на бели рози, можеме да делуваме за почиста околина – истакна Јулијана Василеска.
Во овој проект се вклучи и Локалната самоуправа, односно 23 бели рози, колку што брои локалниот клуб на жени „Деница“ обезбедија Лајонс клубовите, а останатите 20 ги обезбеди општина Охрид.
Благодарност до Локалната самоуправа за поддршката на оваа акција упати претседателот на локалниот клуб на жени „Деница“ , Лила Вучетиќ. „Се надевам дека нашиот град, нашите граѓани ќе земат учество во овој проект. Се надевам Охрид ќе добие и нов епитет – град на белите рози, додаде Вучетиќ. Како што најави локалниот клуб на жени „Деница“ се очекува акцијата за засадување на бели рози да биде традиционална.