Убаво уредени тезги за продажба на новогодишни честитки и останати реквизити се поставени на плоштадот “Чинар“. Со тоа просторот доби многу подобар и унифициран изглед.
Дрвените и уредно покриени објекти за продажба на новогодишни честитки и реквизити ги заменуваат досеашните тезги .
Општина Охрид апелира до закупците на тезгите да не ги нагрдуваат ново поставените продажни објекти со најлони затоа што истите негативно влијаат на естетскиот излед на централниот дел од Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |