Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ГИ ПОЗДРАВИ ОХРИДСКИТЕ КОМИТИ-УЧЕСНИЦИТЕ НА ИЛИНДЕНСКИОТ МАРШ
Untitled Document

Во присуство на Градоначалникот на Охрид,Никола Бакрачески, членови на општинскиот Совет и жители на населбата "Радојца Новичиќ", денес во парохиската црква "Свети Тројца" беше опслужена света литургија по повод престојниот Илинденски марш на Здружението на граѓани "Христо Узунов".

Почитувајќи ја Илинденската традиција, годинава по единаесетти пат, членовите на ова здружение, го организираат маршот до Крушево, каде што на 2 Август ќе учествуваат на свеченостите на Мечкин Камен.
По тој повод, Градоначалникот Никола Бакрачески денес имаше средба со учесниците на маршот и присуствуваше на црковната литургија.
Во своето обраќање пред присутните, посакувајќи им успешен марш, Градоначалникот Бакрачески го напомена значењето во зачувување на традициите на македонскиот народ и споменот на храбрите Илинденци.

"Наша света должност е да ги продолжиме традициите и да го зачуваме споменот на оние наши дедовци и прадедовци, кои пред 110 години веруваа во слободна и независна Македонија. Нивните жртви се потсетување за сегашните генерации дека, нема ништо посвето од борбата за слобода на својот народ и создавање на самостојна држава. Македонија е свето име, испишано со крв на генерации македонски синови, на кои вечно ќе им оддаваме почит, зошто не научија дека слободата не се подарува, туку таа единствено може да се извојува преку крвта на своите најдобри синови. СО ВЕРБА ВО БОГ-МАКЕДОНИЈА ДО ГРОБ"- истакна во своето обраќање Градоначалникот Никола Бакрачески.

Учесниците на Илинденскиот марш ќе поминат пеш 106 километри, за да пристигнат во Крушево и на 2 август да учествуваат на манифестациите на Мечкин Камен.

Илинденскиот марш ќе започне утрото на 29-ти јули. Учесниците ќе минат пеш 106 километри преку илинденските села: Куратица, Брежани, Илинска Црква, Мало Илино, Железнец, Доленци, Брезово, Зашле, Долно Дивјаци и други. Во Крушево ќе пристигнат на 31 јули, каде ќе земат учество во свеченостите по повод одбележувањето на националниот празник Илинден.

Илинденскиот марш е востановен во 2003 година по повод 100-годишнината од Илинденското востание со цел зачувување на македонската историја,традиција и култура и зближување и подигнување на патриотската свест кај младите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1353  пати
Објавено на: 28.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©