Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТУРИСТИЧКО- ЕКОНОМСКА ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД ВО ДАЛИАН,НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА
Untitled Document

На покана на Туристичкото биро на Далиан, Народна Република Кина, делегација на Општина  Охрид престојуваше во работна посета на овој град во со кого е потпишан меморандум за соработка. Во рамки на работната посета беше  реализирна промоција на туристичката понуда на Охрид, а беа остварени и деловни средби со претставници на повеќе од дваесет тур-оператори и туристички агенции, како и поголем број на медиуми, меѓу кои и Dalian Gulian International Travel, China International Travel Service Dalian Branch, China Comfort Travel, Caissa Touristic, Dalian East Intenational Travel Sevice Co. Ltd, Dalian Nine- Dragon International Travel Service Co. LTD, Liaoning Ruide International travel Agency, Dalian Aviation Int’l Travel Service Co. LTD, Dalian Holy International Travel Service Co. LTD, Dalian Holy Conference Service, Dalian World International Travel Service. Настанот беше медиумски покриен и од националната телевизиска куќа на НР Кина - CCTV.

За време на деловните разговори акцент беше ставен на можностите, условите и стандардите коишто треба да бидат постигнати во процесот на започнување на конретна деловна соработка помеѓу туристичкичките сектори  од Охрид и Република Македонија и  градот Далиан. Во таа насока, една од активностите на Секторот за туризам и локален економски развој ќе биде реализација на работни состаноци со туристичките организации од  Охрид на кои ќе им бидат презентирани спецификите на кинескиот туристички пазар и можностите да се развијат и понудат конкретни туристички производи и пакет аранжмани, а воедно ќе им бидат споделени конкакт податоците од нивните идни деловни партнери во Далиан. На тој начин ќе  бидат во можност непосредно да ги утврдат условите за меѓусебна соработка.

Вториот дел од посетата опфати деловни средби од другите економски сфери и можности за инвестиции во Охрид. Како продолжение на разговорите на Градоначалникот Никола Бакрачески, делегацијата имаше работната средба со  Луис Ку, директор на компанија за интернационални вложувања од Далијан, кој  го поврди интересот за инвестирање во Охрид во областа на туризмот, а информираше  и за динамината и досегашниот напредок на нивните планови за вложување во Охрид. На работниот состанок присуствуваше и претседателот на  Dalian Yiyan Investment Co. Ltd кој изрази интерес за инвестирање во Охрид.

За време на престојот во Далиан делегацијата оствари средба и со Han Qiang, заменик- генерален директор на бирото за надворешни работи на градот Далиан.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1463  пати
Објавено на: 09.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©