Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ИМ ДОДЕЛИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА НАЈМЛАДИТЕ ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА И ВО “СВ. ЕРАЗМО“
Untitled Document

По повод Новогодишните празници а во рамки на предвидените  активностите на Локалната за социјална грижа и заштита на најмладите , денеска Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорите на охридските јавни претпријатија доделија 32 новогодишни пакетчиња за децата кои се лекуваат во детските одделенија при Општата Болница и  Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“.

- На овој начин сакавме да им додадеме мал допринос , на среќа и радост на најмладите кои што во моментов се наоѓаат на лекување во овие две здравствени установи во  Охрид. Ова не е се. Нашите активности во поглед на доделување на новогодишни пакетчиња ќе продолжат во наредниве неколку денови, низ неколку градинки. Секако тука ќе бидат вклучени и децата на социјално загрозените семејства и децата со посебни потреби. Овие се редовни активности на Локалната Самоуправа кои нема да завршат со новогодишните празници , истото имаме намера да го правиме и во наредниот период за Божиќ и за Богојавление- Водици.

Директорите на Општата Болница и   Специјалната  за Ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо “,д-р  Љубен Арнаудов и д-р Митко Тилев во име на вработените и згрижените се заблагодарија  за подароците.     

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1241  пати
Објавено на: 25.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©