Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕКРЕТАРОТ ДИМИТАР СПАСЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА ВАПИЛА И ЛИВОИШТА
Untitled Document

Следејќи ја досегашната практика во работењето, секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, денеска оствари непосредна средба со жителите на охридските села Вапила и Ливоишта.
 Прашањата на жителите, првенствено се однесуваа на проблеми од секојдневието, а  нивното решавање значи поквалитетно живеење.Покрај прашањата за патната инфраструктура  и надлежностите на локалната самоуправа во делот на изградбата и неговото одржување, граѓаните се осврнаа и на проблемот со водоснабдувањето кој се провлекува веќе години наназад.

Во делот на образовниот процес, беше истакнат проблемот со несоодветните услови за работа и одвивање на наставниот процес  во училиштата кои се наоѓаат во овие селски населби.
Пред присутните, секретарот Спасески ја потенцираше заложбата на локалната власт за  навремено детектирање и решавање  на проблемите со  кои се соочуваат граѓаните и секако во насока на подобрување на образовниот процес најави континуирано обезбедување поволни услови за работа во училиштата на целата територија на општина Охрид.

Потребата за реконструкцијата  и уредување на објектите во кои се изведува настава е повеќе од евидентна.  Грижата за образованието, слободно можам да кажам дека е на листата на приоритети на оваа локална власт – истакна секретарот Спасески.

На средбата беше договорено стручни служби на локалната самоуправа, заедно со менаџерските тимови на ЈП„ Градски Гробишта“ и ЈП „Нискоградба“ да гo посетат училштeто и да пристапат кон санација и тековно одржување  на објектот, се со цел создавање на нормални услови за работа.

Во развојните програми на општината се предвидуваат бројни инвестициони вложувања во делот на подобрување на инфарстуктурата и образовниот процес во Охрид, а секако нема да  изостане  континуираната грижа  за истите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1240  пати
Објавено на: 14.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©