Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ ЗА МОЖНОСТИТЕ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ, ОСИГУРУВАЊЕ И ФАКТОРИНГ И ФИНАНСИРАЊЕ ОД ИНСТРУМЕНТИТЕ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ
Untitled Document

Во малата сала во Општина Охрид на 14.11.2014 година (петок)  со почеток во 10 часот ќе се одржи презентација на поволните кредитни линии на Македонската банка за поддршка на развојот, како и можностите за кредитирање осигурување и факторинг.
 
Воедно, ќе се презентира и начинот како да се намали ризикот од ненаплата преку употреба на осигурување на побарувањата. Детално ќе бидат објаснети: (1) Кредитната линија за поддршка на мали и средни компании, каде што е зголемен максималниот рок на отплата од 0 (нула) на 11 години (оваа кредитна линија се работи преку 11 деловни банки); (2) Кредитната линија која е со 3% фиксна годишна камата која МБПР ја спроведува директно и е наменета за примарни земјоделски производители, преработувачи (млинови, млекарници, кланици, за конзервната индустрија...) и извозници на земјоделски производи; (3) Факторингот, особено од аспект на неговата употреба како инструмент за задоволување на краткорочните ликвидносни  потреби на компаниите.
 
Освен тоа, презентирани ќе бидат и „Можностите за финансирање на инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој“.
 
Доколку сакате да присуствувате Ве молиме да го пријавите Вашето учество во Секторот за ТЛЕР или на тел. 046 - 230 175

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 12.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©