Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , Новата 2015-та Година
ја дочека на градскиот плоштад “Св. Климент- Охридски“.
На бројните сограѓани и гости кои и на минус 14 степени
прославуваа на плоштадот , градоначалникот Бакрачески им посака добро
здравје, среќа и успеси во секоја сфера од животот.
За забавата на охридскиот плоштад , која траеше до раните утрински часови се
погрижија групата “Камелеон“ , Петар Нечоски и Владо Јаневски.
Точно на полноќ , на задоволство на присутните имаше и спектакуларен
огномет.
Извор: www.ohrid.gov.mk |