Во рамките на предвидените активности од Проектот на УСАИД
за меѓуетничка интеграција во образованието, во ОУ „Братство Единство “,
како модел училиште, во соработка со Советот на родители, Ученичката
заедница и наставниците , денеска , по повод месецот Ашуре, се
организира заедничка подготовка и дегустација на истоимениот традиционален
десерт.
-Според верувањата, традицијата за „ ашуре“, стара со векови,
започнува од денот кога бродот на пророкот Ное и неговите верници се
спасуваат од потопот. Откако бродот пристигнува на брегот, останата храна во
бродот се собира и се прави еден оброк. Тој оброк се нарекува „ ашуре“.
Самиот збор „ашуре“ потекнува од арапскиот збор „ашара“ кое во превод значи
десет, десетти. „Aшуре“ не е само обично благо, тоа пред се е
симбол на споделувањето, солидарноста, љубовта, богатството и пред се
заедничкиот живот.
По примерот на ашурето каде што десетици производи се спојуваат во една
смеса, така и муслиманите, христијаните и сите други верници треба да се
собираат и да бидат заедно. Aшурето се вари во едно казанчe, затоа и ние
светот треба да го замислиме дека е едно казанче, каде што сите заедно ќе
живееме убав и спокоен живот, со сите наши заеднички вкусови- беше пораката
од оваа интересна манифестација која на симболичен начин на најмладите им ги
потенцира вредностите на взаемното почитување и меѓуетничката интеграција.
Извор: www.ohrid.gov.mk |