Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЛЕТНО ОДРЖУВАЊЕ НА ПАРКОВИТЕ И ЗЕЛЕНИЛОТО
Untitled Document

Охрид го задржува приматот на најубаво  хортикултурно уредени градови за што се заслужни вработените во „Паркови и зеленило” како дел од ЈП „ Охридски комуналец“ .Тие, особено во летниот период, се грижат одржување на јавните парковски површини, дрвореди и скверови и зеленилото на сообраќајниците на вкупна површина од 74.329 метри  квадратни.


 
Комуналците се грижат за одржување на паркови со површина од 52.965 м2, скверови со 3.160 м2 , зеленило долж собраќајници  од16.854 м2 , зеленило во жардињери со1.350 м2 , парк шуми и вонградско зеленило на 340.000 м2 и дрвореди долж сообраќајници со 2.378 стебла. 
Редовно се одржуваат тревните површини  со косење, полевање,  засадување сезонско цвеќе, два пати годишно и негово одржување, како и одржување на постоечкиот саден материјал во парковите. Дрворедите долж сообраќајниците исто така се одржуваат со нивно навремено окопување, чистење од трева, полевање преку сезона и кроење.

Во летниот период се интензивираат активностите и двојно се зголемува нормата за косење  на тревните површини во градскиот парк, стариот дел од градот, „Даљан„ , „ Охридати„ , булевар „ Туристичка“  и населбата „ Билјанини Извори„ . 
Зелените површини секојдневно се полеваат во период 00.00 часот до 06.00 часот наутро. Во овој период континуирано се врши прихрана и наводнување на новоформираните дрвореди на улиците „Партизанска„  и „Димитар Влахов„ .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 14.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©