Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид, ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство, во сабота на 11 ти јули 2015 година ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).
Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с. Подмоље до Св. Наум и на територијата на град Охрид.
Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 11 ти јули (сабота ) да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.
Извор: www.ohrid.gov.mk |