Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ИНТЕНЗИВИРА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ПИТУ ГУЛИ“
Untitled Document

Градежните активности за реконструкција на улицата „Питу Гули“, продолжуваат со засилена динамика. Старите бехатонски плочки од тротоарите се отстрануваат и се врши подготовка на подлогата за поставување на тампонски материјал, по што ќе следува поставување на нови бехатонски плочки на тротоарскиот дел од улицата. Во текот на денешниот ден, стручните служби од општина Охрид заедно со надзорот и изведувачот излегоа на терен при што на изведувачот му се дадоа насоки со кои ќе може да започне со висинско поставување на ивичниците. Влезовите кон околните куќи веќе се дефинирани со што првата фаза од реконструкцијата привршува.
 


Вкупната должина на улицата „Питу Гули“ е 768 метри. Ширината на коловозот е од 7,5 до 9 метри. Улицата ќе биде асфалтирана во два слоја со високо квалитетен асфалт со вкупна дебелина од 10 сантиметри. Активностите ќе се изведуваат во четири фази, а целокупниот проект е финансиран од Светска банка.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1351  пати
Објавено на: 23.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©