Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ
Untitled Document

Дваесет и осмите „ Охридски староградски средби“ во саботата навечер, во Центарот за култура „Григор Прличев“, беа во знакот на настапите на неколку староградски ансамли од Република Македонија.Во името на општина Охрид, која ја поддржува оваа манифестација, учесниците и присутните ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев.

-Кога ние ќе засвиревме, Охрид молчеше. Не помина многу време и во вечерните часови, обично во саботите,кога нашата тајфа ќе засвираше по старите охридки улици, низ Варош и Месокастро, градот замолчуваше и ми се чинеше дека сите замолчуваат- раскажува трубадурот Димитри Вељаноски.„ Ви тврдам дека и сега кога ќе запеете, Охрид одново ќе молчи, ќе молчи да ужива во песната, која Вие на оваа манифестација ќе ја испеете, бидејќи тие песни, тие безвремени староградски песни, се наше културно наследство, наш дух, духот на Охрид и Република Македонија- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Љубителите на старограската песна имаа можност да ги чујат и видат изведбите на градскиот хор при центарот„ ЗПК Куманово“ и Културно уметничко друштво „ Ѓоко  Симоновски„ , пеачката група  „ Весела тајфа“ од Богданци, здружението на граѓани-Градски хор од Штип, КУД  „ Далги ЗП Охрид и Дебрца“, ансамблот за народни песни „ Вања Лазарова“ од Скопје, ансамблот „ Љупчо Љубен Кумбароски“ и  „ Струшки бисери„од Струга, „ ВИС Орнаменти“ од Штип, староградски тамбурашки оркестар при Домот на култура  „ Лазар Софијанов” од Кратово, како и „ ЗП Пере Тошев“ од Прилеп.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1433  пати
Објавено на: 02.10.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©