Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ВИЗМАР-ГЕРМАНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
Untitled Document

Делегација од германскиот град Визмар  беше во работна посета на Охрид.Гостите од  Германија односно   градоначалникот и сенатор  Михаел Беркан  , спикерот на градскиот совет Андреас Нилсен,  членовите на градскиот совет и  на партијата ЦДУ  Др. Хоот и  Фридер Вајнхолд, остварија работен состанок со    заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев и претставници од Секторот за туризам и локален економски развој .
 На средбата  се разговараше    на повеќе теми како што се одржлив развој на туризмот и стопанството а се разгледаа и  можностите  за заеднички настап пред европските фондови и УНЕСКО фондовите.
 Денеска претставниците на Визмар ги посетија културно историските и туристичките знаменитости во Охрид, и остварија работна средба со претставници  од охридскиот  Завод  и музеј .


 
Заклучокот е дека Охрид и Визмар можат и требаат заеднички да соработуваат и партнерски да настапуваат со проектни апликации до  сите европски фондови посебно фондовите на УНЕСКО како   и до  ИПА фондовите за преку гранична соработка со Република Албанија.
Визмар е пристаништен  град на Балтикот -Источно море а стариот дел на градот е под заштита на УНЕСКО како културно историско наследство што даде посебна димензија на меѓусебната работна средба, имајќи во предвид дека и Охрид е под капата на оваа организација.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1327  пати
Објавено на: 10.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©