Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува
КОНКУРС
за доделување бесплатни курсеви за државна матура на ученици од четврта година во средните училишта во општина Охрид
Општина Охрид за учебната 2013/2014 година ќе додели 30 (триесет) бесплатни курсеви за државна матура на ученици од четврта година во средните училишта во општина Охрид
- Услови за доделување бесплатни курсеви за државна матура
Право на бесплатен курс за државна матура имаат кандидатите кои учат во општинските средни училишта на подрачјето на општина Охрид, а ги исполнуваат следниве услови:
- да се редовни ученици во IV година во средните општински училишта
- да не посетуваат ист курс во друга институција или фирма
- Начин на пријавување
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:
- потврда дека е редовен ученик ( оригинал);
- фотокопии од свидетелствата за претходните три учебни години
- извод од матична книга на родени; (копија)
- потврда за висината на примањата на членовите на семејството на ученикот и тоа: ако се вработени,потврда за висината на платите на членовите на семејството на ученикот; за членовите пензионери на семејството на ученикот -испратница од пензија за последниот месец(оригинал) а за невработените членови на семејството на ученикот- потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок; (оригинал)
- изјава потпишана од ученикот (ако е полнолетен) или од родител/старател( ако ученикот нема наполнато 18 години), дека, доставените документи се вистинити и дека ученикот не посетува друг исти курс од друга институција или фирма.
3. Рок на пријавување
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најкасно 5 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за бесплатни курсеви за државна матура
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.
Трите пријави можете да ги преземете од следниот линк:
Пријава (.doc формат)
Извор: www.ohrid.gov.mk |