Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ГО ОТПОЧНА 4 ГОДИШНИОТ МАНДАТ ПРВ ЧОВЕК НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Со врачување на Уверението за избран Градоначалник од страна на Општинската изборна Комисија, денес и официјално започна четири годишниот мандат на Градоначалникот на општина Охрид,   д-р Никола Бакрачески. Пред голем број граѓани и медиуми кои дојдоја да го поздрават новиот Градоначалник, тој накратко се обрати и ги поздрави присутните, уште еднаш потенцирајќи ги главните насоки на идниот забрзан развој на Охрид.

Претходно, тој се задржа во краток разговор со досегашниот Градоначалник Петрески, со кого го испија и традиционалното заедничко кафе.
Градоначалникот на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески е избран за прв човек на општината на, "Локалните Избори 2013" со огромна поддршка на граѓаните на Охрид, односно со 21.004 гласови.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1287  пати
Објавено на: 03.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©