Имајќи го во предвид растечкиот пазар на производи, услуги и корисници во делот на авантуристички ( активен) туризам Швајцарската влада , општина Охрид заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и САД ја организираат првата Меѓународна конференција за авантуристички туризам што ќе се одржи во Охрид од 10 до 12 мај 2016, на која е предвидено учество на над 300 тур оператори за овој вид туризам во светот.
Главна цел на ова конференција за туризам е да го прикаже Балканот како регион кој е подготвен за ренесанса во сферата на активниот туризам но и да се подигне свеста за овој скриен, но целосно достапен дијамант на Европа.
Конференцијата која во Охрид ќе се одржи од 10 до 12 мај 2016 година, вклучува низа активности преку кои ќе бидат прикажани прекрсните културни и природни богатства, прекрасните планини, езера, богатата флора и фауна и историската посебност на Охрид.
На 11 мај 2016 година според Програмата, Охрид ќе биде домаќин на учесниците на оваа Меѓународна конференција.
Се очекува ваквите активности да придонесат за пријатен престој на учесниците на настанот, а целокупните активности да го олеснат пристапот до меѓународните туристички пазари и да се оствари размена и синхронизирање на напорите за презентирање на авантуристички, активен, културен, конгресен и други видови алтернативен туризам. Извор: www.ohrid.gov.mk |