Во организација на Општина Охрид, Црвен крст, претставници на бизнис заедницата и Јавните претпријатија, утре на 21 мај ( среда ) , пред општинската зграда ќе биде отворен пункт за собирање помош за настраданите подрачја во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.
Предвиденео е во 12 часот и 30 минути, градоначалникот Никола Бакрачески, претставниците на бизнис заедницата и Јавните претпријатија, да ја предадат помошта на претставниците на Црвен Крст, а на пунктот, кој ќе биде отворен од 9 до 16 часот , помош можат да донираат и граѓаните на Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |