Заедно со манифестацијата “Бело лето“, по трет пат пред охриѓани ќе продефилираат уличните артисти на фестивалот “Баскер фест“, кој ќе трае до 3 јули. Дваесетина изведувачи со атрактивни жонглериски акробации, ќе ги забавуваат охриѓани на трите градски плоштади и по должина на кејот.
- Веќе 11 години сме пристуни во Македонија со интернационална артистичка екипа и се потешко е да ја изненадиме публиката, но сепак ќе се потрудиме да бидеме атрактивни за охриѓани и гостите – изјави Сандра Темова од организациониот одбор на “Баскер фест“.
Годинава пред охридската публика ќе се претстават улични уметници од Бразил, Шпанија, Јапонија, Хрватска и Македонија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |