Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ЗАЕДНО СО СВОИТЕ СОГРАЃАНИ ГО ДОЧЕКА ВЕЛИГДЕН
Untitled Document

Христовото воскресение- Велигден , градоначалникот  Никола Бакрачески  го дочека во храмот „Св. Богородица –Каменско“.

Заедно со бројни христијани, охриѓани но и гости од земјава и странство, градоначалникот Бакрачески  ги проследи сите  традиционални- црковни обичаи посакувајќи им  на сите  верници  да ги  води добра мисла и искрена верба во Бога кои се основата за градење на заедничка среќна иднина и напредок на секој план.

  Градоначалникот Бакрачески им  го честиташе најголемиот христијански празник на присутните  верници посочувајќи  дека  овој ден  е темелот на нашата вера.Велигден е празник на човечноста и на солидарноста, празник кој  носи порака за единство, мир и разбирање.

 Нека е за многу години овој голем христијански празник.
Христос Воскресе- Навистина Воскресе!
 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1284  пати
Објавено на: 20.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©