Екипи на Јавното претпријатие “Охридски комуналец“,денеска работат на раскопување и расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на “Булевар Туристичка”. Повеќегодишните растенија и декоративни грмушки се режат.
Една екипа од ова претпријатие работи на отстранување и сечење на гранките од дрвја во дворот на касарната “Михаило Апостолски“ кои беа скршени и оштетени од снежните врнежи и го нагрдуваа тротоарот на улица “Радојца Новичиќ“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |