Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД
Untitled Document

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајде Македонија“, на 5-ти Октомври ( сабота )и годинава ќе се спроведе кампањата “Македонија без отпад” која има за цел да допринесе за здрава и чиста животна средина и развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.
Годинешната акција е поддржана од Општина Охрид во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ и ќе се спроведе во сабота (5 октомври) на локалитетот Кале со почеток во 08 часот.
Сите заинтересирани граѓани  можат  да се вклучат во акцијата на два пункта и тоа: пред влезот на Самоиловата тврдина и на паркингот кај Горна Порта.
Целиот отпад што ќе биде собран ќе биде подигнат од страна на ЈП„Охридски Комуналец“.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 02.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©