Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“ ЗАПОЧНА ПРОЕКТОТ „ОБРАЗОВАНИЕТО И ПОЛИЦИЈАТА ПРОТИВ ДРОГАТА ВО ЗАЕДНИЦАТА“
Untitled Document

 Во рамките на проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“, на 27 Фебруари, во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ беше организирано предавање за наставниот кадар и стручната служба. Во првиот модул од овај проект, наставниот кадар и стручната служба беа запознати со штетните последици од злоупотребата на дрогата како социопатолошка појава, препознавање и навремено спречување на злоупотребата на ова зло. Предавањето беше спроведено од страна на обучен едукатор за оваа област, а ќе се одвива во три модули.


Во вториот модул наставниците преку воспитно – образовниот процес ќе ги запознаат учениците, а во третиот модул родителите преку родителските средби, со штетните последици од овај опасен порок. Училиштетот овај проект ќе продолжи да го спроведува во соработка и координација со родителите, СВР Охрид и Локалната самоуправа.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1298  пати
Објавено на: 28.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©