Од утре стартува ракоментата Супер лига, во која РК „ Охрид 2013“ ќе се наптреварува и оваа година.
Претседателот на клубот Димитар Спасески, денес на прес- конференција ги обелодени имињата на новите 5 играчи кои доаѓаат како засилување , како и преземањата за обезбедувањето на солидна финансиска основа за поуспешна натпреварувачка сезона.
-Минатата година имавме успешна сезона и РК „ Охрид 2013“ АД, опстана во Супер лигата .Клубот годинава влегува со поголеми амбиции од лани, па затоа зголемен е буџетот од бнизнис заедницата и Локаланта самоуправа . Како резултат на исправните развојни политки, клубот годинава е засилен со 5 нови играчи кои ќе ги пополнат испразнетите позициите со квалитетен играчки кадар . Подготовките завршија и со задоволство можам да кажам декаекипатаа е подготвена за стартот на сезоната. Првиот натпревар ќе се игра во Прилеп, а деби во Охрид ќе имаме наредниот викенд кога ќе играме против „ Преспа“. Тука е традиционалниот партнер , навивачите “Рибари“ кои даваат безрезервна поддршка. За првпат годинава РК „ Охрид 2013“ ќе се следи со годишна карта за сите натпревари која ќе чини 400 денари, додека поединечно за секој натпревар цената ќе биде 30 денари – изјави Димтиар Спасески.
- Втор сегмент на кој што ние како ракометен клуб сме најмногу фокусирани е младинската школа од чија работа апсолутно сме задоволни. Подмладокот е темел на секој клуб па затоа затоа претпазливо и фокусирано работиме со најмладите . Веќе започнавме проект со професорите по физичка култура за откривање на ракометни таленти кои ќе бидат дел од нашиот клуб. Наша обрска ќе биде да работиме по светски терк со дечињата и тие еден ден да бидат предводници на нашиот клуб - додаде Спасеки.
Охридскиот клуб, како што најави Спасески, ги отвора вратите за сите заинтересирани дечиња кои сакаат да бидат дел од успешната ракометна приказна.
- Ако минатата година во овој период зборувавме за борба за опстанок, благодарение на Градоначалникот Никола Бакрачески , Претседателот на клубот Димитар Спасески и бизнисмените, направивме пореспектабилна екипа, со носење играчи кои го подигнаа нивото на клубот. Минатата година бевме на 6 место на табелата, а годианва се надеваме да се искачиме уште две места, да дојдеме до четврто место на листата и се надеваме постојани гости во Охрид да се „ Вардар“ и „ Металург“. Што се однесува до поготовките за оваа сезона имавме максимални услови за подготовки кои ќе ни помогнат да го реализираме ветеното – изјави Горан Андоноски од РК “Охрид 2013“. На еден ден пред почетокот на првенството немаме ни еден повреден играч и тоа е предност за нашите ракометари- објасни Андонсоки.
Извор: www.ohrid.gov.mk |