Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОЦЕНКА НА ГОДИНАШНАВА И ПОЧЕТОК НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА СЛЕДНАТА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА
Untitled Document

Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, денеска се одржа средба со претставници на хотелиерите, на која беше направена оценка на годинашнава главна туристичка сезона и беа дефинирани активностите за следната година.Посебен акцент беше ставен на подготовките на хотелските капацитети за претстојните новогодишни, божиќни и богојавленски  празнувања.

-Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, од јануари до крајот на јуни годинава, во Охрид престојувале 22.009 домашни  и 43.226 странски гости или вкупно 65.235 туристи. Во овој период остварени се 45.607 ноќевања од домашни и 101.664 ноќевања од странски гости.Со доставувањето на официјалните  статистички податоци за месеците јули, август и септември, ќе се потврдат нашите проценки дека , годинашнава туристичка сезона не беше посаба од минатата- рече  Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризаам и локален економски развој.

На средбата беше речено, дека ваквите трендови се евидентни и во соседните држави и дека подготовките за следната туристичка сезона треба да започнат порано. Во подготовките  посебно внимание треба да му се посвети на дестинацискиот менаџмент во туризмот и да се реализира стратегијата за поттикнување и промоција на компаративните туристички предности на Охрид.Во дефинирањето на приоритетите ќе помогнат и резултатите од истражувањето кое меѓу странските гости е реализирано заедно со Факултетот за туризам и угостителство.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1277  пати
Објавено на: 17.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©