Денес се навршуваат шест години од потонувањето на бродот “Илинден“, кога животот го загубија 15 Бугарски државјани. Пред паметникот за оваа бродска несреќа на кејот “Македонија“, претставници на општина Охрид, на Бугарскиот културен центар од Скопје, Ротари клубовите од Охрид и Пирдоп, Здружението “5 Септември“ и капетанот на капетанијата во Охрид, положија свежо цвеќе и оддадоа почит за трагично настраданите бугарски туристи.
Директорката на Бугарскиот културен центар од Скопје, Светлана Славева, им се заблагодари на општина Охрид и охриѓани, за пиетеот кој го покажуваат за овој настан и изрази увереност дека, иако болката е присутна и денес, пријателството меѓу двата народи е нескршливо и трајно.
Советникот Ангел Јанев и капетанот на капетанијата во Охрид, Горан Устијаноски, истакнаа дека граѓаните на Охрид и Македонија секогаш со должна почит ќе го одбелжуваат овој ден, а надлежните институции со законските измени и воведувањето на повисоки стандарди и мерки, ја зголемија безбедноста на езерскиот сообраќај за никогаш повеќе да не ни се случуваат вакви несреќи.
Извор: www.ohrid.gov.mk |