Дванаесеттиот Фестивал на новиот германски филм што се одржува во Центарот за култура „ Григор Прличев“ , беше свечено отворен со трагикомедијата „Мед во главата“ од Тил Швајгер. На свеченоста на која присуствува претставници на амбасадата на Сојузна Република Германијаи ПроКредит Банка се обрати и заменик градоначалникот Ангел Јанев.
Охридската публика, во неделата навечер го проследи филмот „За една девојка“ (комедија драма). Вечерва, ќе се прикажува филмот „Државата против Фриц Бауер“(историја-драма), а во вторник во 11 часот детскиот филм „Куќата на крокодилите“, во 13 часот „Хердер-помеѓу два света“ и во 20 часот „Тура на животот“ (трагикомедија).
Извор: www.ohrid.gov.mk |