Во хотел Дрим – Струга, вчера, советниците од Советот на општина Охрид,
Јадранка Василеска – Здравеска и Љупчо Настоски, учествуваа на работилница
за облиците за вмрежување на општинските советници.
Работилницата се спроведува како проект на Швајцарската Агенција за развој и
соработка „Зајакнување на општинските совети“ спроведуван од страна на УНДП
во соработка ЗФР.
Целта на оваа работилница е размена на мислења за облиците на вмрежување на
општинските советници и конечниот предлог на Програмата за развој на
капацитетите на општинските советници и да се направат консултации за
подобрување на секојдневното функционирање на советите преку примена на
иновативни методи и техники.
Извор: www.ohrid.gov.mk |