Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВИ АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ ВО ОХРИД
Untitled Document

Во рамките на Годишната програма на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици за комунално уредување на градот а согласно приоритетите на градоначалникот  Никола Бакрачески за осовременување на градот ,деновиве започна поставувањето на нови автобуски постојки на територијата на општина Охрид.

Според предвиденото,  ќе бидат поставени вкупно пет нови автобуски постојки на најфреквентните локации на булеварот „Туристичка“.Две ќе бидат  во блилзина на  марќетот „Тамаро“ непосредно пред пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Абаз Емин“,една веднаш по новоизградениот кружен тек на прескот на Туристичка со ул.„Македонски просветители“. Деновиве ќе  биде поставена нова автобуска постојка помеѓу  гимназијата „Св. Климент Охридски“  и ОУ “Григор Прличев“ а пследната ќе биде  веднаш по прескот на бул.„Турисчка“ со ул.„Јане Сандански“.

Изведувач на градежните актиности е градежната фирма „Турбоинжинеринг“ од Скопје а вкупната вредонст на инвестицијата изнесува 1.040 000 денари,средства во целост обезбедени од буџетот на општина Охрид.

Во блиска иднина се планира  нови автобуски  постојки да бидат поставени  и  на помалку фреквентни локации долж целата територија на општина Охрид што ќе придонесе за осовременување на комуналното живеење и ќе ги подобри условите за превоз на патниците коишто го користата градскиот и меѓуградски превоз.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1332  пати
Објавено на: 24.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©