Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид и Канцеларијата за
административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието, ги
известуваат сите заинтересирани лица дека Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство објави соопштение за јавност за
сите лица кои користат земјоделско земјиште во државна сопственост a
кое им е доделено во постапка на АРОНДАЦИЈА а ги немаат регулирано имотно
правните односи, дека можат да поднесат Барање до Министерството
за земјоделство, шумарство и водостопанство за склучување на договор за
размена согласно член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот
за земјоделско земјиште ( „Службен весник на Република Македонија“
бр.164/13), со кој е пропишана постапка за регулирање на сопственичко
правните односи за склучување на договор за размена.
Во прилог на барањето, потребно е да се достави следната документација:
-
ИЗЈАВА од барателот заверена на нотар, под материјална и кривична
одговорност со која потврдува дека 20 години непречено и непрекинато го
владее земјоделското земјиште во државна сопственост кое му е доделено во
постапка на арондација
-
ИМОТЕН ЛИСТ – /Доказ за сопственост/, на земјоделското земјиште кое
владение го отстапил во постапка на арондација
-
ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ со мери и граници на земјоделското земјиште во
приватна и државна сопственост кое е предмет на размена
Крајниот рок за доставување на барањата за регулирање и склучување на
договор за размена е до 27 Ноември 2014 година.
Подетални информации заинтересираните можат да добијат на тел. 02
3134-477 , на веб страната www.mzsv.gov.mk
или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за
административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието
при Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |