Општина Охрид на ден 26.12.2014 година, организира Јавна расправа по
Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за
измена и дополнување на ДУП за УЗ 17, УБ 17.4, општина Охрид, во мала сала
на општина Охрид со почеток во 12 часот. Извештајот е изложен од 04.12.2014
до 03.01.2015 год. во просториите на Одделението за заштита и влијание врз
животната средина и заинтересираните можат да извршат увид секој работен ден
од 8 до 16 часот.
Сите заинтересирани се покануваат да земат учество во расправата, а своето
мислење во врска со извештајот можат да го достават до општина Охрид во рок
од 30 дена од денот на објавување на оваа информација и тоа преку емаил на urbanizam@ohrid.gov.mk или по
пошта на адреса ул. „Димитар Влахов“ бр. 57,
Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |