Екипите на ЈП „Градски гробишта“ континуирано продолжуваат со интензивното уредување на просторот на градските гробишта.
Во рамки на активностите кои се извршуваат, на самиот влез од муслиманскиот дел , засадени се 500 садници сезонско цвеќе.
Покрај хортикултурното уредување на парцелите, поставени се 50 фундаменти на гробни места кои досега не биле поставени,се изведува и поплочување со бетонски плочки од сопствено производство, се поставуваат ивичњаци околу патеките и се врши темелно косење, метење и чистење на гробиштата и гробишната инфраструктура.
Извршено е и уредување на депонијата од која се транспортирани повеќе од 300 камиони шут и ѓубре.
Менаџментот на јавното претпријатие ја исплати и јунската плата на вработените, со што претпријатието повеќе не должи по основ на плати за вработените.
Активностите околу одржувањето и уредувањето на градските гробишта и во наредниот период ќе продолжат да се одвиваат со истата динамика, се со цел зачувување на средината и чистотата на гробиштата
Извор: www.ohrid.gov.mk |