Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОСТОЈНО ОДБЕЛЕЖАН 23-ти ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Untitled Document

На пригодна свеченост и  со културно уметничка програма  ,вечерва во  НУ Центар за култура “Григор Прличев“, Општина Охрид  достојно го одбележа 23-ти Октомври, денот на македонската револуционерна борба.
Градоначалникот Никола Бакрачески  ја поздрави бројната публика која громогласно аплаудираше на говорот со кој  тој  потсети на многуте наши синови, на пролеаната крв до стекнување на слободата но и укажа на фактот  дека борбата за подобро утре и понатака продолжува.

- Со огромна почит кон минатото  и јасен поглед кон иднината, се
собравме вечерва заедно да го зацврстиме континуитетот на 23-ти октомври- Денот
на македонската револуционерна борба. Датум кој ги бранувал и вечно ќе ги
бранува срцата на сите Македонци  како симбол  на вековната борба за слобода.
Горди на визијата, храброста и пожртвуваноста на основачите МАКЕДОНСКАТА
РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА, вечерва уште еднаш силно го чувствуваме нивниот
слободарски дух. Чекориме сигурно по заветот што ни го оставија, завет кој се
темели на исконската желба  за слобода на Македонија. Почнувајќи од 1893 година
се започна пишувањето на  првите страници од славната македонска историја,
исполнета со крв и саможртва, пример врз кој се темелеа сите понатамошни
македонски востанија и револуции. Темел врз кој ќе се надградуваат идните
големи историски настани- Илинден 1903, 11 октомври 1941 година,   АСНОМ 1944 и
8 септември 1991- денот на прогласувањето на независност на слободна и
демократска  Република Македонија,
рече градоначалникот Бакрачески и потсети дека како што рекол големиот револуционер, Делчев Македонија им припаѓа на Македонците.

-Македонија им припаѓа на сите Македонци“  ќе забележи Гоце Делчев во едно од своите обраќања. Длабоко уверен  во значењето на Илинденското востание, како можност за  слобода на македонскиот народ и основање на сопствена држава, Делчев ќе потсети и на делот од Крушевскиот манифест кој се однесува на другите етнички заедници.„Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи, истакна Градоначалникот потсетувајќи дека во револуционерната борба учествувале бројни храбри охриѓани меѓу кои и Христо Узунов.
Во своето излагање градоначалникот Бакрачески  потсети  дека слободата низ вековите и различните историски периоди се печалела со дадените  животи  на храбрите Македонци.
-За жал дел од великите слободољубци како што се Методија Андонов-Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе-Мајски и други, завршија во затворите во Идрзово и на Голи Оток , со што уште еднаш се повторија дел од мрачните настани од македонската историја. Затоа ние, по прогласувањето на независност на Република Македонија целосно ги рехабилитиравме и им го вративме гордото место во македонската револуционерна борба за создавање сопствена
независна држава. Тоа е пример кој постојано треба да потсетува дека вистинската
иднина треба да се темели на вистинското минато.На 8 септември 1991 год., кога
го исполнивме заветот на Апостолите на Македонската револуционерна борба, на
ВМРО, на јунаците од Илинден и македонските патриоти од НОБ, конечно создадовме самостојна и независна Република Македонија
- рече Бакрачески и потенцира дека државниот празник е празник за сите Македонци без разлика на етничка, верска или национална припадност.

-Во денешниот цивилизиран  свет соочени со предизвиците кои ги носи
наметнатиот и апсурден проблем со името на нашата татковина, успешно чекорејќи
кон европското семејство секогаш ќе одекнуваат зборовите на  Борис Сарафов кој
на  12 април  1901 година  за Лондонски Тајмс  ќе изјави :Ние, додека сме живи
мора да продолжиме да се бориме за совршенство, бидејќи слободата ја наследивме од нашите предци. Ние Македонците се сметаме себеси за сосема одделен национален елемент и ни најмалку не сме наклонети кон дозволување нашата земја да биде заграбена од Бугарија, Србија или Грција. Впрочем, ние ќе се
спротивставиме на било какво здружување од тој тип со сета наша моќ. Македонија
мора да припадне на Македонците,
потенцира Бакрачески и додаде дека Предците чие дело го славиме денес го исполниле  својот долг кон татковината.

-Денеска е редот на нас. Само со чесен и  искрен пристап ,
верба во себе и во иднината на овој град, упорно и посветено соочување со
предизвиците  ќе ги добиваме битките денес, битки кои ќе значат повеќе работни
места, економски раст и стабилност , просперитетна иднина  на градот. Бидете
уверени, овој град ќе оди напред, ќе оди напред заедно со сите вас,
посочи градоначалникот , чии  излагање со воодушевување го проследија присутните.

На нивно задоволство во рамки на програмата беа:  настапот   на хорот при  ОСУ “Св. Климент Охридски“ со песната “Собрале ми се набрале“, потоа следеше  Aнсамблот  “Билјана Јуниор“ кој ја изведе песната  “Налеј налеј налеј”.

Не помал восхит кај присутните предизвика  изведбата на револуционерните песни како и  настапите  на учениците од рецитаторската секција во Општинското средно училиште “Св. Климент Охридски“ со дел од поемата “Македонија” од Анте Попоски.

Веднаш потоа на сцената  беше  актерот Ивица Цонев  кој  настапи  со текст на  песната “Македонијо кога ќе те по македончиме” од Радован Павлоски. Случувањето беше заокружено со  настап на Танцовиот  клуб Соната - на песната “Со маки сум се родила” и Мизар –Модератор.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1391  пати
Објавено на: 22.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©