Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12,93/13,42/14,44/15,129/15и 39/16),
Општина Охрид, на ден година, 21.10.2016 донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ УПВНМ за туристички локалитет „ГОРИЦА – СВ.СТЕФАН “со пристаниште , КО Коњско, општина Охрид, плански период 2016 – 2026 кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ УПВНМ за туристички локалитет „ГОРИЦА – СВ.СТЕФАН “со пристаниште, КО Коњско, општина Охрид, плански период (2016 – 2026) Охрид,Општина Охрид определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, Министерство за транспорт и врски и Општина Охрид
- За планскиот документ документ УПВНМ за туристички локалитет „ГОРИЦА – СВ.СТЕФАН “со пристаниште, КО Коњско, општина Охрид, плански период 2016 – 2026, кој плански документ ја изработува Агенцијата за планирање на просторот на барање на Министерството за транспорт и врски, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство).
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .
Извор: www.ohrid.gov.mk |