Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ УЧЕСТВУВА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ГРАДОВИ СО СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески присуствува на 10-та Регионална конференција на  Организацијата на градови со светско - историско наследство што од 29 април до 2 мај се одржува во градот Кутна Хора во Чешка.

Претставниците од  четриесеттина европски земји  кои доаѓаат од  градови со специфични  светски важни, културно- историски белези расправаат на теми од областа на  рекламирањето  и развој на претприемништвото  во заштитените  делови од градовите. Учесниците на меѓународната средба   ги изнесуваат своите искуства и проблематики од оваа област и укажуваат на неопходноста од задолжително носење и спроведување на закони и регулативи на локално и државно ниво за рекламирање односно поставување на знаци , тенди, прегради, пречки на патот, чадори, соларни генератори  и друг рекламен материјал  во историските делови на градовите ,согласно препораките на УНЕСКО.

Оваа конференција е организирана на највисоко ниво на асоцијацијата на градовите со светски заштитено историско богатство . Се со цел да ги имплементираме заклучоците од оваа конференција ,ние како општина сме подготвени да иницираме дури и законски измени со што ќе придонесеме за покомплетна заштита на старото градско јадро  во Охрид . Имплементирањето  на заклучоците за нас е важно затоа што тоа е во рамките на препораките  на   УНЕСКО. Ние како општина сериозно сме  заинтересирани да ја регулираме оваа проблематика се со цел во иднина да бидеме и поатрактивна  туристичка дестинација, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Учеството    на оваа важна  конференција е можност за  размена на искуства со градовите кои веќе ја имплементирале законската регулатива во оваа област. Тие искуства ќе  бидат драгоцени во концептите   за одржлив  развој ,  пред се на  културен и алтернативен  туризам зошто Охрид е  дестинација  чие природно и културно наследство се под заштита на УНЕСКО.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1302  пати
Објавено на: 30.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©