Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“, изведуваат градежни
активности на улица 8-ми Септември. Тротоарот се поплочува со бехатонска
подлога во должина од 300 метри, односно 500 м2, од десната страна на
улицата.
Изградбата на тротоарот ќе придонесе за зголемување на безбедноста на
движењето на пешаците и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на
тој дел од градот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |