Јавното претпријатие “Билјанини извори“ во договор со Градежната фирма “Гранит“ од денес стопанисува со паркинг просторот кај некогашниот Полигон за мали спортови во централното градско подрачје.
Просторот припаѓа во втора паркинг зона а тоа значи дека паркирањето за возило по час чини 20 денари. Паркингот работи секој ден од 7.30 д 1.30 часот по полноќ.
Наредниов период ЈП “Билјанини извори ќе работи на уредување на просторот а лица вработени во претпријатието ќе се грижат за насочување на возилата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |