Во насока на зголемување на информираноста на младите лица со можноста за вработување преку Оперативниот план за активни програми и мерки, Центарот за вработување од Охрид во четврток (20 февруари 2014г.) во големата сала при Општина Охрид со почеток во 11 часот, ќе одржи информативни средби со млади невработени лица до 29 години.
На средбата ќе бидат промовирани три главни теми: Активни програми и мерки за вработување, мобилна апликација и отворање на инфо клубови.
Се апелира до сите регистрирани невработени лица кои активно бараат работа да присуствуваат на средбата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |