По повод одбележувањето на Националниот ден на здрава храна, денеска со поддршна на општина Охрид и Министерството за труд и социјална политика, во објектите на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, се одржаа повеќе работилници. На работилниците во централната детска градинка присуствуваше и заменик градоначалникот Ангел Јанев.
Целта беше поорганизирано и поодговорно да се пристапува кон афирмација на процесот на одгледување и конзумирање здрава храна, како дел од националната политика иницирана од Министерството за труд и социјална политика. Комбинацијата на здрава храна, одгледување на зеленчуци во органските градини, вклучување на родителите во едукацијата за важноста на здравата храна во детските градинки, како што беше речено на работилниците, претставува интегралеен пристап кој влијае на перцепцијата на децата за здравата храна.
Извор: www.ohrid.gov.mk |