Во зависност од временските услови и вегетациониот период на растителниот
свет во Охридското Езеро, екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” редовно
спроведуваат акции за чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј. По
налог на општинскот инспекторат оваа работна седмица се реализира чистење
на наносите од муљ, трска и натрупан комунален отпад во крајбрежниот појас
во близина на Холандскиот Парк. Чистењето, подигањето и транспортот на
наносите од муљ се изведуваше со багеровање со специјална механизација
(ровокопач-ИЦБ и камион ФАП), при што се подигнати околу 20 м3 муљ.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |