Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО ЧЕТВРТИ ПАТ „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРПЕЈЦА
Untitled Document

Синоќа на летната сцена „Кај бунарот“ во село Трпејца  започна четвртото издание на културно –забавната манифестација „На зајдисонце“ 2015.
Случувањето   беше отворено со ликовната изложба на дела од академскиот уметник – графичар Павел Целкоски кој потекнува  од Трпејца по  што на сцената по традиција настапи охридската група „Билјана“.

Во име на градоначалникот Никола Бакрачески  и општина Охрид, која е покровител на оваа манифестација бројната публика ја поздрави  советникот Климе Шешоски кој истакна дека  со  случувањето Трпејца добива   нова димензија на активно летно уживање.

Општина Охрид, со поддршката на вакви манифестации,покажува дека е цврста определена  да го помага развојот на руралните, а особено туристичките  средини. Покрај тоа што инвестираме во инфраструктура , финансиски и логистички ги подржуваме и културните настани, бидејќи сме свесни дека со тоа го подобруваме животот на жителите, а воедно ги збогатуваме алтернативните форми на туризмот, кои се атрактивни, особено за странските туристи.Со оваа манифестација  се спојуваат  убавините на Трпејца  со активностите  на луѓето и се прави еден чудесен спој кој ќе внесе еден нов дух на оваа прекрасно место. Оние кои биле еднаш во Трпејца, повторно се враќаат, но не сами, туку со оние кои поверувале во нивните кажувања и убавите приказни.Со културниот настан „ На зајдисонце“ приказните стануваат уште поинтересни, а  се поголем е бројот на оние  кои доаѓаат во Трпејца за да се уверат во нивната убавина- рече Шешоски.

Организатор на манифестацијата која годинава ќе трае до 28 јули е здружението „ За Трпејца со љубов“  со поддршка на Месната заедница и Црковниот одбор. Манифестацијата и годинава е  под покровителство на Општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1334  пати
Објавено на: 21.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©