Денеска на Факултетот за туризам и угостителство , се одржа финалната презентација на проектот“ Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“, што го реализира Секторот за Туризам и локален економски развој при општина Охрид. Целта на презентацијата и на проектот беше да се укаже колку е битно младите да научат на модерен начин да ги промовираат охридските традиционалните вредности.
-Во склоп на овој проект општина Охрид организираше три едукативни работилници во кои што таргет група беа младите. Притоа се одржаа работилници за обука за изработка на накит од бисер и филигран, потоа добро пакување на традиционална храна и подготовка и презентација на електронски брошури. Целта на овие работилници беше да се обучат младите на кој начин да ги промовираат традиционалните вредности на општина Охрид. Младите се учеа како на иновативен и трендовски начини да ја пакуваат традиционалната храна и пијалоците како и модерни начини за нивна маркетиншка промоција преку електронски брошури, истакна раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов, кој се надева дека на овој начин ќе биде поттикнат креативниот дух кај младите во однос на промовирање на традиционалните вредности и начинот на нивниот маркетиншки пристап во јавноста.
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија во рамки на програмата за креативни индустрии.
Извор: www.ohrid.gov.mk |