Градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до ромската етничка заедница, по повод одбележувањето на 8-ми април - Меѓународниот ден на Ромите.
-Најискрено Ви го честитам 8- ми април- Меѓународниот ден на Ромите и Ви посакувам, да продолжите по патот за целосна интеграција во заедничкото општествено живеење. Вие сте лојални и рамноправни членови на нашата мултиетничка заедница, определени за соживот и заедничко градење на подобра иднина на Охрид и Република Македонија. Покажавме и натаму ќе покажуваме дека цврсто сме определени да ги поддржуваме Вашите напори за подобрување на условите за живот, образованието, вработувањето, здраствената заштита и другите граѓански права- се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески, по повод одбележувањето на Меународниот ден на Ромите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |