Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод 23 ти мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до Влашката заедница во Охрид, во која упатува искрени честитки, со желби за продолжување на соживотот и развојот на општествената заедница.

-Ви упатувам  најискрени честитки по повод 23 Мај- Националниот ден на Власите и Ви посакам  многу здравје, среќа, благосотојба и меѓусебно разбирање. Уверен сум дека ќе ја  продолжите мисијата на негување на вековната традиција на влашката култура и идентитет, давајќи придонес во градењето соживот во нашата држава. На тој начин, со меѓусебно почитување и соработка, заеднички ќе дадеме придонес во развојот на Република Македонија и нејзиното целосно инкорпорирање во евроатланските интеграции. Низ вековите заедно сме се соочувале со многу предизвици, давајќи секој   на свој начин придонес  за иднината и успешниот  и сеопшт напредок на Охрид и нашата татковина, Република Македонија- се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески по повод Денот на Власите во Република Македонија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 23.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©