Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА
Untitled Document

За 540 првачиња , 4 898 основци и 2 029 средношколци започна школската 2016/17 година во Охрид.

На свеченоста во ОУ „Св. Климент Охридски“ организирана по повод првиот училишен ден, првачињата ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

- Времето брзо одминува остануваат убавите спомени. Моите училишни денови одамна завршија. Вашите почнуваат од овој ден но ќе ви изминат брзо како песна доколку знаете секоја детска игра да ја „зачинете“ со читање добра книга, учење на предметна лекција или решавање на математичка задача. Но не брзајте. Има време за се. Многу наскоро ќе започне вашата дружба со букви и бројки. Така полека ќе стекнувате знаења и искуства, ќе се градите во личности на кои останува овој Свет. Драги деца, уживајте во училишните клупи, овие денови никогаш повеќе нема да се вратат назад... но, ќе ги паметите уште долго, долго како еден од најубавите периоди во вашиот живот. Ние секогаш ќе бидеме тука да создаваме подобри услови за успешна реализација на образовниот процес. Бидете здрави и живи и останете секогаш ведри и насмеани како што сте на овој ваш прв училишен ден- рече Јанев, кој присуствуваше на свеченоста што се одржа во СОУС „Св. Кирил и Методиј“.
-Сакам од овде, од Средното стручно училиште "Свети Кирил и Методиј", на сите 2029 запишани ученици во средното образование во Охрид, посебно на 394 ученици во прва година во средните училишта во општината, да им го честитам стартот во оваа фаза од нивната наобразба, но пред се да им посакам многу здравје и успех во надградувањето на знаењето и совладувањето на наставните содржини.Денешното образование бара интерактивен пристап во наставата, а една заедница може да биде развиена и успешна, само ако во своите образовни програми ги имплементира најновите научни сознанија. Затоа, ние како одговорна заедница, се трудиме да овозможиме најдобри услови за стекнување на стручни квалификации за нашите ученици, за тие да бидат конкурентни и надвор од границите на нашата земја. Убеден сум дека учениците кои ги одбрале стручните насоки во своето образование, понатаму ќе имаат зголемени можности да ги понудат стекнатите вештини на пазарот и многу побрзо да ги реализираат своите очекувања во животот.
Како одговорна локална самоуправа успеавме да ги подобриме финансиските состојби во училиштата, а понатака преку Програмите кои ги подготвуваме, целосно да се посветиме кон создавање на услови за современо функционирање на сите образовни институции кои се во надлежност на општина Охрид.Драги ученици, образованието е непрекинат процес кој постојано се надградува во текот на целиот живот. Потребно е да бидете упорни и посветени на училишните обврски кои ви претстојат. Младоста и младешките потреби не секогаш соодветствуваат со обврските на училиште, но изнаоѓањето на неопходниот компромис помеѓу учењето и слободното време е токму оној сегмент кој ќе ве изгради како целосни личности, успешни за пошироката заедница и за себе
- подвлече Јанев.

Годинава во Охрид е зголемен бројот на првачињата во однос на изминатите години. Сите образовни институции во градов се спремни за успешен старт на новата учебна година и непречено реализирање на образовниот процес во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1400  пати
Објавено на: 01.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©