Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА КАТЕГОРИЗАЦИЈА
Untitled Document

Согласно законот за  угостителска дејност (Сл. Весник на  РМ бр. 62/2004, 89/2008) член 33 став 1  важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем трае 3 (три) години од денот на изготвувањето на истото.
           
 Секторот за Туризам и Локален Економски Развој Ве информира дека на сите физички лица на кои им е истечена важноста на Решенијата за категоризација, потребно е да се поднесе ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем.

БАРАЊЕТО се поднесува во секторот за Туризам и ЛЕР со седиште во просториите над УНИ банка (втори спрат).

За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал  обем, а немаат решенија за категоризација или важноста на истите е истечена, согласно законот за  угостителска дејност (Сл. Весник на  РМ бр. 62/2004, 89/2008) член 67  се преземаат соодветни мерки.

 Подетални информации на тел. 046/ 230 175 и 230 455

Општина Охрид
Сектор за Туризам  и ЛЕР

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1242  пати
Објавено на: 08.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©