Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНТЕЈНЕРИТЕ ОД „БУЛЕВАР ТУРИСТИЧКА“ ДИСЛОЦИРАНИ ПО СПОРЕДНИТЕ УЛИЦИ
Untitled Document

Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги известува граѓаните на општина Охрид дека по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, контејнерите од „Булевар Туристичка„ не се повлечени, туку истите се дислоцирани.

Заради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека во целата должина на „Булевар Туристичка„ , контејнерите од оваа сообраќајница се дислоцирани во најблиските комплекси и споредни улици околу „Булевар Туристичка„.

Дежурниот телефон во Р.Е.Механизација 046/265-353 им стои 24 часа на располагање на граѓаните, каде може да се информираат детално за новата локација на контејнерите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1240  пати
Објавено на: 31.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©