Двокатниот автобус сопственост на Јавното претпријатие “Билјанини извори“, летово станува атрактивно превозно средство за охриѓани и туристите.
Холандските гости кои кај нас доаѓаат преку туристичката агенција “Охрид холидеј“ која со ЈП Билјанини Извори има потпишано договор за соработка, се воодушевени од панорамскиот разглед на Охрид и крајбрежјето со ова превозно средство.
Договорот со “Охрид- холидеј“ е само најава за склучување на договори за соработка со уште неколку туристички агенции со кои сме во преговори , велат од ова јавно претпријатие.
Покрај на туристичките агенции, ова лето двокатниот автобус ќе им биде достапен и на сите останати чинители во туризмот кои истиот можат да го искористат за панорамски разглед на Охрид и дел од крајбрежјето се до локалитетот “Залив на коските“ во Градиште.
Извор: www.ohrid.gov.mk |