Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕРИЈА РАБОТИЛНИЦИ ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ 2014-2018
Општина Охрид преку Секторот за Туризам и Локален Економски Развој ги започна активностите за подготовка на Стратегија за Рурален Развој 2014- 2018. (прв стратешки документ на Општина Охрид од овој вид). За таа цел Одделението за Локален Економски Развој ќе организира серија работилници со претставници на Месните Заедници од руралните делови на Општина Охрид, претставници од Урбанизам, Животна Средина, Комунален Развој, претставници од Јавните Претпријатија, Подрачната Единица на Министерството за Земјоделство, Водостопанство и Шумарство, Јавното претпријатие за стопанисување со шуми “Македонски шуми”, Националниот Парк “Галичица”, Невладиниот Сектор, Бизнис Секторот итн. Тоа значи дека во Процесот на подготовка на Стратегијата за Рурален Развој ќе бидат вклучени сите засегнати субјекти и релевантни Институции од Охридскиот Регион. Првата Работилница ќе се одржи на 16 Октомври 2013 год. со почеток од 12:00 часот во просториите на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, а ќе се работи SWOT Анализа за селата: Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Долно Коњско, Горно Коњско, Шипокно, Рача, Велестово и Рамне.

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 14.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©